Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристијано Роналдо доживеа повреда на ложата во мечот помеѓу репрезентациите на Португалија и Србија.
Во текот на првото полувреме, Кристијано Роналдо бараше замена, а навивачите на „Старата дама“ останаа „попарени“.
За среќа, Роналдо не е сериозно повреден. Тој за десеттина дена ќе биде потполно подготвен и веројатно ќе игра во четвртфиналниот меч од Лигата на шампионите против Ајакс кој е закажан за 10. април.
Сепак, Кристијано ќе пропушти одредени дуели во Серија А. Нема да биде на три меча, а Јувентус во тој период ќе игра против Емполи, Калјари и Милан.
Јувентус веќе далеку е поконкурентен, па Роналдо во следните акции нема да им биде неопходен. За нив е најважно подготвен да ја дочека завршницата во Лигата на шампионите во која Јувентус бара трофеј повеќе од две децении.
Роналдо е доведен од причина да се освои ова натпреварување. Засега Јувентус игра одлично, а одобено беше импресивен во осминафиналето во кое Атлетико Мадрид беше потполно разоружан.
Кристијано Роналдо оваа сезона во дресот на Јувентус има навистина фантастична статистика. Настапи во 36 натпревари, постина 24 погодоци и запиша 12 асистенции.
Од овие бројки 19 погодоци постигна во првенството на Италија каде до крајот на сезоната ќе се бори за титулата најдобар стрелец со фантастичниот Фабио Квалјарела и Пјонтек.
Неиграњето на Роналдо на овие двајца фудбалери ќе им помогне да се издвоијат но до крајот на сезоната има уште да се игра.