Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Поради повреда го пропушти натпреварот на Аргентина и Мароко.
Меси се стекна со повреда во делот околу препоните и го пропушти натпреварот на Аргентина против Мароко
Меси во петокот играше во Мадрид на пријателскиот натпревар против Венецуела во која Аргентина шокантно беше поразена со резултат од 3:1 и се очекуваше да игра и во Мароко.
Сепак, беше објавено дека Меси се здобил со лесна повреда во делот околу препоните и беше одлучено да не се ризикува, па така тој не беше на пат во Мароко и директно се врати во Барселона.
Имаше страв и кај фановите на Барселона, но сега е многу полесно бидејќи Аргентинецот почна повторно да тренира со својот тим и јасно е дека ќе биде подготвен за нови предизвици.
Тој вчера беше присутен на последниот тренинг , па така почнувајќи од соиграчите, па се до навивачите се јави чувство на задоволство.
Барселона викендот ја очекува градско дерби против Еспањол, а три дена подоцна ривал на лидерот на шпанското шампион ќе биде Виљареал.