Реал конкретен во битката за Бразилецот: Милан има адут за неговиот потпис?! (ВИДЕО)


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Росонерите“ се надеваат дека би можеле да ја повторат ситуацијата со Пакета.

Милан изминатата зима дефинитивно имаше полн погодок со засилувањата.

Во клубот пристигнаа Криштоф Пјонтек и Пакета кои засега ги оправдаа високите очекувања на „Сан Сиро“.

„Росонерите“ би сакале повторно нешто такво, па ќе се впуштат во трката за потписот на суперталентираниот Реинер Жезус Карвалјо.

Милан веќе стапи во контакт со Фламенго од кадешто пристигна Пакета, па се надева дека во духот на добрите односи би можеле да го добијат 17-годишниот фудбалер кој исто така е на листата желби на Реал, Јувентус, ПСЖ и обата клуба од Манчестер.

Проблем би можел да претставува и откупната клаузула во износ од 70 милиони евра, јасно е дека тоа не е реална цена за офанзивниот играч за врска кого во Бразил го споредуваат со Роналдињо.

Сепак, тимот од Милан има причина за оптимизам бидејќи менаџерот на Рениер, Џулијано Бертолучи е многу близок со спортскиот директор на Милан, Леонардо.

Многу беа скептични во врска со пристигнувањето на Пакета кој практично беше виден во Реал, па на северот на Италија се надеваат на слично сценарио.