Тотенхем започнал преговори со играч на Наполи


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пренесува дека од раководството на Тотенхем и официјално започнале преговори со Наполи околу Амаду Диавара.

21 годишниот играч од средниот ред не се изнаигра многу оваа сезона под водство на Карло Анчелоти, но Наполитанците нема да го пуштат да замине од клубот за мали пари.

Италијанскиот медиум пишува дека Наполи за него од Тотенхем ќе бара дури 40 милиони фунти, но можно е во текот на преговорите цената да биде спуштена за десетина милиони фунти.