Леклер до прва пол позиција во кариерата со рекорд на патеката во Бахреин


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пилотот на Ферари, Шарл Леклер ја освои својата прва пол позиција во кариерата откако беше најдобар во квалификациите пред втората трка од Ф1 шампионатот која утре ќе се вози за Големата награда на Бахреин.

Младиот Леклер до пол позицијата стигна со фантастичен круг кој го извози за 1:27.866 со што постави и рекорд на патеката.

Во првиот ред со Леклер ќе тргне неговиот тимски колега, Себастијан Фетел, додека како трет ќе стартува Луис Хамилтон. Вториот ред ќе го комплетира победникот од првата трка, Валтери Ботас.

Првите десет ќе ги комплетираат Макс Ферстапен, Кевин Магнусен, Карлос Сајнц, Роман Грожан, Кими Раиконен и Ландо Норис.