Конте против Мурињо: Битка за работа и огромен буџет!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Две големи тренерски имиња се слободни, а тоа се Жозе Мурињо и Антонио Конте, кои чекаат свој нов ангажман, а веќе се поврзуваа со неколку тимови.

Конте го посакува Рома, а се споменува и враќање во Јувентус, но очигледно Италијанецот е најблиску до Интер. Бепе Марота го сака на тренерската клупа, но дел од раководството го форсираат Мурињо.

Тоа што е јасно е дека никој нема да работи во било кој клуб доколку нема голем буџет. Без разлика дали ќе влезат во Лигата на шампиони, Интер ќе вложи многу пари за нови засилувања, а се споменуваат пристигнувања на Дармијан, Ракитиќ, Џеко…

Интер ќе мора да го плати и сегашниот тренер Лучано Спалети, ако добие отказ, кој треба да добие осум милиони евра за наредните две сезони. Тоа би го чинело Интер двојно повеќе, а Спалети направи нешто слично во Зенит по смената, кога седеше без работа и примаше пари од рускиот тим