Брзо следеше реакцијата од навивачите на Интер: Одлуката на Спалети за Икарди, ова нема да излезе на добро…?!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Денес Лучано Спалети објави дека Мауро Икарди ќе игра на мечот против Џенова и дека ќе биде стартер во среда, а се чекаше одговорот и од навивачите на Интер.

Познато е дека Спалети и навивачите се на една, додека управата и Икарди на друга страна, а победија вторите, Спалети со „бело знаменце“ мораше да се појави на конференцијата за новинарите.

Сепак, навивачите и не мораат и не сакаат.

„Навивачите на Интер сметаат дека Икарди нема карактер, не само за капитенската лента, туку и за соблекувалната на Интер.

Го повикуваме Интер да преземе чекори кои ќе доведат до негово заминување од клубот. Вредноста на тимот мора да биде над поединецот и оние кои сакаат медиумско внимание“, стои помеѓу останатото во соопштението од навивачите на Интер.

Тешко дека постои тренер кој е повеќе под притисок отколку во овој момент Спалети.