Ново разочарување на „Сан Сиро“: Милан се лизна и против Удинезе (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан беше домаќин на Удинезе во првиот натпревар од 30. коло од италијанската Серија А.

Избраниците на Џенаро Гатузо и трет натпревар по ред не знаат за победа откако со 1:1  ремизираа со гостинот од Удине.

Првиот гол на средбата го постигна најдобриот играч на Милан, Криштоф Пјонтек во 44. минута од натпреварот. Бод за гостите донесе Кевин Лазања со гол постигнат во 65. минута од натпреварот.

Милан во следното коло има тешко гостување кај тимот на Јувентус и сигурно ќе им биде многу тешко до крајот да ја зачуваат четвртата позиција на табелата која води во Лигата на шампионите.