Александар Митровиќ останува во Премиер лигата


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Српскиот напаѓач од редовите на Фулам, Александар Митровиќ ќе остане во Премиер лигата иако неговиот сегашен тим следната година ќе игра во Чемпионшип лигата.

Одличниот напаѓач кој оваа сезона постигна десет погодоци во дресот на Фулам е интересен за тимот на Вест Хем кој е во потрага по стабилен напаѓач за следната сезона.

Се шпекулираше дека Вест Хем ќе тргне и по услугите на Един Џеко од редовите на Рома, но многу поверојатна опција е вториот балкански напаѓач кој има искуство со настапи во Премиер лигата.