Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓
Барселона гази кон нова титула во шпанскиот шампионат, а доказ дека Каталонците мислат на својата иднина, е тоа што вчера потпишаа договор со најталентираниот фудбалер од „Ла Масија“, Мориба Курума.
Мориба е 16-годишно момче, кое игра како дефанзивен фудбалер за врска, а во моментов е член на екипата до 19 години на Барселона.
Каталонците го продолжија неговиот договор до 2022 година, а интересно е тоа што неговата откупна клаузула беше зголемена на неверојатни 100 милиони евра.
Барселона се одлучи на таков потег, откако за младиот фудбалер интерес покажаа Манчестер сити, Јувентус и Челси, па Каталонците не сакаа да ризикуваат.
Младиот фудбалер е роден во Гвинеја во 2003 година, но има и шпански пасош, па во иднина се очекува да заигра за шпанската репрезентација.