Дали Карлос регуларно извлече топче?

Денеска во Монако се извлечени паровите од групната фаза на ЛШ.

Во последната група, односно на тимовите од последниот шешир ги извлекуваше легендарниот крилен фудбалер на Реал Мадрид Роберто Карлос, а во таа прилика се случи и една спорна ситуација.

Имено, Карлос при извлекувањето на една топка, а подоцна, веројатно на молба на водителот ја врати назад, па извлекуваше повторно.

Многумина сметаат дека овде нема никакви неправилности, бидејќи Карлос не ја врати со своја воља назад, а топката не е отворена, па така веројатно се е регуларно.

Сепак, се врти видео низ интернет, а постојат и тие кои тврдат дека Карлос немал право да ја врато топката.