„Марка“: Иско има само една желба за својата иднина!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Долго време се шпекулира за иднината на Иско, кој се наоѓа пред заминување од Реал Мадрид, а дел од странските медиуми сметаат дека нема да го спаси ниту тоа што на тренерската позиција се вратил Зинедин Зидан.

Додека на клупата на Реал седеше Сантијаго Солари, Иско не добиваше шанса во првиот тим, а многу подобра ситуацијата за фудбалерот не беше ниту под водство на Хулен Лопетеги. Сепак, се врати Зидан и Иско доби важна улога во екипата.

Од друга страна, шпанска „Марка“ пишува дека Иско испратил јасна порака до раководството на Реал, па единствено нешто што сака да го направи е да остане на „Сантијаго Бернабеу“.

Иско има договор до 2021 година, а до враќањето на Зидан се поврзуваше со трансфери во Челси, Јувентус…