Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот напаѓач на Барселона, Самуел Ето откри што се случувало во каталонскиот гигант по пристигнувањето на Пеп Гвардиола.
Ето, по пет години поминати во Барселона, реши во 2009 година да го напушти каталонскиот клуб и се пресели во Интер.
Од друга страна, Гвардиола за четири години во Барселона оствари 179 победи, 47 нерешени резултати и 21 пораз, а притоа освои три трофеи во Ла Лига, двапати шпанскиот Куп, трипати шпанскиот Суперкуп, два пати Лигата на шампиони…
Кога Гвардиола ја презема Барселона, во тимот имаше многу одлични фудбалери како Чави, Ето, Анри, Меси, а Ето даде интересно интервју за ситуацијата во Каталонија.
„Пеп живееше свој живот во Барселона, но во годините кои ги поминав јас во Барселона, не го разбрав тоа. Не го живееше животот на нашиот тим. Му реков на Гвардиола – ќе ми се извиниш на мене, јас сум тој кој ја донесе победата на Барселона, а не Меси“, кажа Камерунецот.
Очигледно тоа била причината поради која Ето една година по доаѓањето на Гвардиола реши да замине во Интер.
Eto’o “Pep has lived his whole life in Barcelona, but in the years I spent in Barca, he didn’t understand the team. He didn’t live the life of our team. I said to Guardiola, you’ll apologize to me, because it’s me that will make Barca win, it’s not Messi” pic.twitter.com/jWBQc1ycrW
— The Pep (@GuardiolaTweets) April 10, 2019