Таткото на Мата призна: Имаме понуда од Јунајтед, но има и други интересни понуди!

Манчестер јунајтед би можел да остане без Хуан Мата на крајот на сезоната, зашто му завршува договорот, но клубот сака да му ја продолжи соработката.

Мата има 30 години, но и други понуди, според неговиот татко.

„Манчестер јунајтед испрати понуда за продолжување на договорот, ние сме среќни поради тоа. Сепак, постојат и други понуди од тимови кои играат во Лигата на шампиони. Шпанија е можеби наредната дестинација, но денеска не е ден да зборувам за тоа, зашто немаме донесено конечна одлука“, кажа неговиот татко.

Мата пристигна во Јунајтед во 2014 година, а интересно е тоа што тогаш Манчестер јунајтед го урна рекордот за трансфер, откако плати за него 37,1 милион фунти.