Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер го очекува голема борба за пласман во топ-4 во италијанската Серија А и обезбедувањето на место во Лигата на шампиони за наредната сезона.
Столчето на Лучано Спалети не е сигурно и најверојатно на лето тој ќе си замине од Милано, а не е тајна дека за негов наследник главен кандидат е Антонио Конте.
Сепак, италијанскиот тренер имал два услови кои мора Интер да ги исполни за да седне не „жешкото“ столче во Милано.
Конте сака годишна плата од неверојатни 12 милиони евра, како и договор на три сезони. А, притоа сака и доволно средства за трансфери за да изгради шампионска екипа.
Тоа би бил голем предизвикз а „нераѕурите“, зашто Конте сака неколку атрактивни фудбалери, па останува да се види дали газдите на тимот се подготвени на ваков чекор.