Ништо од Мурињо: Поранешна фудбалска легенда седнува на клупата на Лион


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако во последните неколку денови се шпекулираше дека Жозе Мурињ би можел да седне на клупата на Лион, сепак тоа веројатно нема да се случи.

Бруно Генесио и дефинитивно ќе си замине од клубот по крајот на оваа сезона откако не најде заеднички јазик со раководството на клубот за продолжување на соработката.

Прв избор на раководството на Лион за наследник на Генесио е актуелниот тренер на Ница, Патрик Виера кој врши солидна работа со лимитираниот француски тим.

Втор фаворит за клупата на Лион е Кристоф Галтиер од Лил, а во тесен избор е и Марсело Гаљардо од Ривер Плата.