Колку време му преостана на Пеп Гвардиола?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Сити ни оваа сезона не успеа да го освои трофејот од Лифата на Шампионите кој богатите сопственици на клубот силно го посакуваат.

И покрај тоа што од доаѓањето на клупата на Граѓаните Гвардиола потроши повеќе од милијарда евра на засилување на тимот, тој дпсега не успеа да ги донесе Граѓаните барем до финалето во трката за Лигата на Шампионите, а нестрпливоста кај навивачите на тимот секојдневно се зголемува.

Вчера после натпреварот и елиминацијата од Тотенхем, поединци од клубот бараа Пеп Гардиола да си замине од клупата на Манчестер Сити, што како опција не е исклучено на крајот од оваа сезона.

После натпреварот со Спарс каталонскиот стручњак зборуваше за неговата иднина и беше повеќе од јасен дека има намера да остане до 2020 година кога му истекува договорот со англискиот првак.

„Имам договор за уште две сезони. Планирам да останам овде, се разбира ако не добијам отказ“, изјави Гардиола.

Шпанецот како што се очекува, сака да остане на клупата, но Англичаните се сигурни дека Пеп ќе има само уште една шанса. Наводно, тој е спремен сам да си даде отказ ако не успее да ја освои титулата наредната сезона бидејќи огромните трошоци мораат да се вратат на некој начин.

Богатите сопственици на Сити веќе не ги интересира Премиер Лигата. Голема желба имаат за трофејот на Лигата на Шампионите, но некои работи едноставно не можат да се купат со пари. Сити и ПСЖ се доказ за тоа.