Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Јувентус го ангажираше Кристијано Роналдо за да им помогне да ја освојат титулата во Лигата на шампиони (ЛШ), но сезонава не успеа ниту тој да им помогне во таа намера.
„Старата дама“ сезонава застана во четвртфиналето на елитното натпреварување, откако загуби од Ајакс во двомечот.
Сепак, Роналдо ќе има уште една шанса да го освои трофејот со „бјанконерите“, ако може да се верува на шпекулациите на „Ла Република“.
Италијанскиот медиуми објави дека Роналдо ќе одигра уште една сезона во дресот на Јувентус, по што ќе го напушти клубот во 2020 година.
Португалецот има договор до 2022 година, а елиминацијата од ЛШ донесе голем финансиски удар на италијанскиот шампион. Акциите на клубот се во голем пад и тоа ќе влијае врз сопствениците.
Од друга страна, ако нема резултат наредната сезона, платата од 30 милиони евра годишно на Роналдо едноставно се премногу за раководството.