На Мурињо му се „гледа крајот“…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Господинот „Специјален“ го чека летото и шансите, неколкупати изјави во минатото дека ќе избере клуб кој ќе одговара на неговото реноме и барањата.

Доста се зборуваше на Апенините дека Мурињо се враќа на „Меаца“, потоа се поврзуваше со Рома и подоцна со Лион, бидејќи француската лига е една од ретките кои Португалецот не ги освоил.

Последниот ангажман беше неуспешен, практично беше исфрлен од „Олд Трафорд“ поради губењето доверба од играчите, нешто што не му е непознато на „Специјалниот“ кој ваквите искуства ги имаше во изминатите клубови.

„Бев близок со него кога дојдов првпат во Челси, работеше фантастично во Порто. Но, го загуби она што играчите го сакаа, се сеќавам на плачењето на Матераци кога го предводеше Интер.

Го изгуби тоа, дури дојде до тоа играчите да го замразат што имавме шанса да го видиме во Јунајтед, мора добро да се замисли ако сака да се врати на тренинг во голем клуб“, изјави некогашниот репрезентативец на Франција, Франк Левеф за ЕСПН.

Мурињо покажа дека и тоа како добро се носи со притисокот, би било добро да се види Португалецот уште некоја сезона во кремот на европскиот фудбал.