Роналдо ги разочара децата во Дубровник, а потоа Георгина ги исмејуваше!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо веќе неколку дена е во Дубровник, кадешто реши да ги помине празниците, откако доби неколку дена одмор за Велигден.

Роналдо вчера беше главна атракција во градот, а многумина беа на улиците во надеж дека ќе се фотографираат со него. Исто така, Роналдо вчера посети неколку локали во Дубровник.

Многу од неговите фанови со денови се обидуваат да го сретнат и да се фотографираат, но тоа засега не им успева. Обезбедувањето кое го има Роналдо е огромно и наоѓа начини за да ги избегне фановите.

Меѓутоа, хрватски медиум објави дека Роналдо разочарал деца, кои го чекале пред еден ресторан. Тој бил со големо обезбедување и не бил расположен за дружење со фановите.

Децата го чекале неколку часа пред ресторанот во надеж дека ќе им посвети малку внимание, но тоа не се случило, а притоа и Георгина Родригез, наводно, ги исмејувала.