Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Навивачите на Ливерпул се надеваа дека Манчестер Јунајтед ќе мoжеше да ги сопре Сити и дека ќе ги остави во предност, но Граѓаните успеаја да го добијат градското дерби и го превземаа првото место на табелата.
Сити сега е на првото место и има 89 бодови, второпласираниот Ливерпул има еден бод помалку. До крајот на Премиер лигата останаа уште три кола, а Редсите се надеваат дека тимот на Пеп Гардиола некаде ќе направи „кикс“.
Премиер лигата ќе продолжи и со викенд натпреварите од 36. коло, а во центарот на вниманието сигурно ќе бидат натпреварите на Ливерпул и на Сити. Ливерпул ќе игра на домашен дерен против Хадерсфилд во петок, додека Сити два дена подоцна ќе игра во гости кај Барнли.
Што се однесува до 37 коло, Манчестер ќе игра на свој терен против Лестер, додека Ливерпул ќе биде гостин кај Њукасл. Во последното коло од Премиер лигата, Ливерпул ќе игра пред своите навивачи против Волверхемптон, а Сити ќе бидат гости во Брајтон.