Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ПСЖ синоќа беше на праг до нов трофеј, меѓутоа францускиот Куп на крајот успеа да го освои Рен. Парижаните водеа со 2-0 и имаа сè во свои раце, но Рен не се предаваше, па стигна до трофејот.
Возбудувања имаше до самиот крај, а Килијан Мбапе доби црвен картон поради остар прекршок, па на крајот на мечот во центар на внимание беше Нејмар.
Нејмар тргна по утешниот медал, па на неговиот пат се најдоа навивачите на Рен, а Бразилецот делуваше нервозно, па се скара со еден навивач.
Бразилецот прво му го турна мобилниот телефон на навивачот, а потоа го удри, па си продолжи по својот пат, а останува да видиме дали Нејмар ќе добие казна поради неговиот непримерен потег.
Neymar punches a fan after PSG lose to Rennes. What a disgrace. pic.twitter.com/lHNF94GNrt
— Phil (@oleexcellence) April 28, 2019