Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Британскиот тенисер, Енди Мареј проговори за можното враќање на теренот по операцијата на колкот.
Некогаш првиот тенисер на светот се соочува со најтешкиот период во кариерата, бидејќи по операцијата на колкот никој не може да му гарантира дека повторно ќе игра тенис на највисоко ниво.
Мареј во разговор за Би-Би-Си откри како тече закрепнувањето и во која моментално фаза тренира.
„Удирам топка во место, се уште сум прилично далеку од тоа да се тестирам на вистински начин, од тоа да трчам на теренот. Не чувствувам никаков притисок, дека морам да се вратам и повторно да игра. Ако телото ми биде добро и ако не чувствувам болки, ќе се обидам да се вратам“, истакна Мареј.
Нему на крајот на јануари му беше вграден вештачки колк.
„Колкот е всушност добро, но сум слаб на ногата, на местото каде е направен рез за операцијата. Се оди како што треба, среќен сум, без болки и уживам во животот“, заклучи тој.