Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште не е позната иднината на Еден Азар, иако долго време се поврзува со Реал Мадрид, но неговата најнова изјава ги збуни навивачите.
Од друга страна, неговиот помлад брат на лето ќе ја напушти Борусија Менхенгладбах и ќе се приклучи на Борусија Дортмунд.
Овој 26-годишен фудбалер призна дека преговорите се во тек и останало уште двата клуба само да се договорат.
„Веќе разговарав со Борусија Дортмунд. Сакам да направам исчекор во кариерата и да откријам нешто ново. Сега останува на клубовите да се договорат. Потребно е време, но така е при преговори“, вели Белгиецот.
Азар е член на Менхенгладбах од 2014 година, а претходно играше во татковината на позајмица.