Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веспрем вчера успеа да обезбеди пласман на фајнл-форот во Лигата на шампиони (ЛШ), откако во реваншот од четвртфиналето на елитното натпреварување славеше против Фленсбург, а добар натпревар одигра и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.
Манасков ја воодушеви јавноста, откако по еден одбиен удар на негов соиграч, скокна како пантер по топката, ја зграпчи, а потоа ја смести во противничката мрежа.
Коментаторот буквално падна во „транс“, откако го забележа погодокот на македонскиот ракометар, кој ќе игра на Ф4 во ЛШ.
Инаку, Манасков игра стандардно за унгарската екипа, па се надева дека може да стигне и до трофејот во ЛШ.
Како изгледаше мајсторијата на македонскиот ракометар може да погледнете во продолжение.