Чистка во Интер: Седумина фудбалери заминуваат од Милано!?


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Фудбалерите на Интер играат солидно сезонава и се на добар пат да обезбедат пласман во Лигата на шампиони, а тоа всушност им беше главата цел.

Сепак, тие се разочарани од настапите во Лигата на шампиони, кадешто беа елиминирани во групната фаза, иако во последното коло имаа меч-топка на свој терен против ПСВ.

Ниту настапот во Лига Европа не беше многу подобар, зашто „нераѕурите“ беа запрени во осминафиналето од Ајнтрахт Франкфурт.

Токму поради овие турбулентни резултати, раководството реши да се ослободи од седум фудбалери, а тоа се Антонио Кандрева, Кеита Балде, Сердрик, Борха Валеро, Роберто Галјардини, Жоао Марио и Далберт.

Многу се шпекулираше во претходните денови и за статусот на Мауро Икарди во Интер, па очигледно и тој ќе си замине на лето.