Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вардар загуби на гостувањето кај Пик Сегед, но благодарение на високиот триумф во „Јане Сандански“ во Скопје, „црвено-црните“ ќе играат на фајнл-форот во Лигата на шампиони.
Вардарци третпат по ред се пласираа на завршниот турнир во елитното натпреварување, а таму ги очекуваат веќе познати противници.
Покрај македонскиот шампион таму се уште и Барселона, Веспрем и Кјелце, а како најголем фаворит за титулата се сметаат Каталонците.
Сепак, Вардар утре ќе го дознае својот прв противник на Ф4-турнирот, па „црвено-црните“ се надеваат на ново изненадување и титула.
Извлекувањето на полуфиналните парови за Ф4 ќе се одржи утре со почеток од 11 часот.