„Скај Спортс“ со ноќна ексклузива: Сити блиску до договор со првото засилување


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека Манчестер Сити е блиску до ангажман на фудбалерот на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш.

Двата клуба се во завршни преговори за трансферот кој ќе изнесува од 50 до 60 милиони фунти.

За Бруно Фернандеш постоеше сериозен интерес и од Манчестер Јунајтед, но фактот што Сити е далеку над нивото од Јунајтед во моментов, Фернандеш ги одбрал „граѓаните“.

Одличниот фудбалер од средниот ред Манчестер Сити ќе го донесе како замена за Фернандињо кој влегува во последните години од својата кариера.