Сосема (не)очекувано: Шпанецот од Јунајтед заминува во Барселона!?


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер јунајтед на крајот на сезоната ќе остане без Хуан Мата, на кого му завршува договорот, па Шпанецот, наводно ќе се врати во татковината.

Поранешниот фудбалер на Валенсија нема да остане во Англија, а иако го посакува Атлетико Мадрид, сепак Мата ќе потпише за Барселона, доколку може да му се верува на каталонски „Спорт“.

„Мата има други понуди, но Барселона е негова прва опција. Поради тоа ги одби сите понуди на Јунајтед, а од Барселона ќе добие двегодишен договор со можност да го продолжи истиот на уште една година“, пишуваат Каталонците.

Барселона ќе му даде плата од пет милиони евра по сезона на Мата, а засега не е познато каква улога ќе има на „Камп Ноу“.