Играчот за кој се шпекулираше дека ќе замине, потврди дека ќе остане во Челси


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Рубен Лофтус Чик верува дека нема причина за да си замине од редовите на Челси во летниот преоден рок.

Сепак 23 годишниот фудбалер потврди дека ќе остави на неговиот агент да ги води преговорите за продолжување на соработката со клубот.

23 годишниот фудбалер оваа сезона игра сосема солидно и зад своето име веќе запиша девет погодоци и е уверен дека во иднина ќе биде и стандарден првотимец на Челси.

„Не сум сигурен за новиот договор. Го оставив мојот агент да се носи со тоа. Не размислувам за тоа во моментов. Важно е за мене да се фокусирам на играта овде и токму затоа играм сега. Засега се е добро и нема причина да си заминувам од Челси“ –истакна Лофтус Чик.