Крај на една блескава кариера: Јаја Туре се збогува со фудбалот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите централни дефанзивци во 21 век и легенда на Манчестер сити, Јаја Туре соопшти дека ја завршил кариерата.

Поранешниот фудбалер на Барселона и Манчестер сити ја заврши кариерата на 35 години, а тоа го потврди и неговиот менаџер, Дмитри Селук.

Селук откри дека поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата коска ќе се посвети на тренерската работа и менаџментот во фудбалот.

„Туре реши да ја прекине кариерата како шампион. Еден од најдобрите африкански фудбалери во историјата со одлична кариера“, кажа Селук за руските медиуми.

Последен клубна Туре беше Олимпијакос, чиј дрес го носеше двапати пред да го раскине договорот минатиот декември.