Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ дополнително ја зголеми предноста на АТП-листата во однос на најголемите ривали со освоената титула во Мадрид.
Србинот ќе биде на првото место и 251 недела, а на врвот на листата има дури 12.115 бодови. Втората позиција е резервирана за Рафаел Надал со 7.945 бодови.
По одиграниот прв турнир на земја во последните три години, Роџер Федерер остана на третото место со 5.770 бодови, а Доминик Тим е 4.845 бодови, додека Александер Зверев падна на петто место со 4.745 поени, зашто не го бранеше трофејот во Мадрид.
Во топ-10 се наоѓаат уште Кеи Нишикори, Стефанос Циципас, Кевин Андерсон, Хуан Мартин дел Потро и Марин Чилиќ.