Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Реал Мадрид и Барселона се во трка за потписот на фудбалерот од средниот ред на Ајакс, Дони ван де Бек.
22 годишниот холандски фудбалер игра сезона од соништата во која постигна 17 погодоци и беше еден од моторите на клубот во неверојатните настапи во Лигата на шампионите.
Френки де Јонг ќе се пресели во Барселона, а се верува дека на добар пат е во Каталонија да пристигне и Матијс Де Лихт, па од Барселона се надеваат дека ќе направат „хет-трик“ со тоа што ќе го донесат и ван де Бек во своите редови.
Сепак, за него има сериозен интерес и од Реал Мадрид кој нема лесно да се откаже од неговиот ангажман.