И Солскјер го посакува чудото од Лига 1…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесуваат англиските медиуми, Манчестер Јунајтед воспостави контакти со фрнацуски Лил.

Причината е јасна, заинтересирани се за фантастичниот Никола Пепе, крилниот фудбалер на „Дога“ и еден од најдобрите фудбалери во Франција во изминатава сезона.

Главната причина што екипата од „Пјер Морој“ ќе се најде во Лигата на шампионите до година, постигна 20 погодоци и запиша 11 асистенции, но оддамна е јасно дека ова лето ќе ја промени средината.

Од Лил изјавија дека се свесни дека Пепе ова лето ќе направи исчекор во кариерата, но затоа се одлучни добро да заработат.

Бараат 70 милиони евра за играчот кој Баерн го означи како замена за Арјен Робен, иако впечатокот е дека интересот од Баварците е оладен.

Бројни други екипи покажаа интерес, меѓу нив се и Арсенал и Ливерпул, па „Ѓаволите“ ќе имаат силна конкуренција и јасно е дека ќе мораат да излезат во пресрет на Лил, доколку планираат да го преселат репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска во своите редови.

На „Ѓаволите“ им претстои еден од најважните преодни рокови во историјата на клубот, Пепе се чини како играч кој би бил добро засилување, останува да се види дали се подготвени да издвојат 70 милиони евра, за да се договорат со управата на Лил и фантастичниот крилен играч да се пресели на „Олд Трафорд“.