Сари заминува од Челси, легендата на клубот седнува на „жешкото столче“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Медиумите во Италија пренесуваат дека Маурисио Сари ќе добие отказ од таборот на Челси дури и да ја обезбеди титулата во Лига Европа.

Наводно и Сари бил подготвен да си замине од Лондон и да се врати во Италија каде го посакуваат од Рома и Интер.

На местото на Сари би требало да седне легендарниот поранешен фудбалер на Челси, Френк Лампард кој во моментов е тренер на Дерби.

Лампард го одведе Дерби до полуфиналето од плеј-офот на Чемпионшип лигата и се уште има шанса да обезбеди пласман во Премиер лигата.