Лисандро Мартинез ќе биде новиот играч на Ајакс

Првакот на Холандија, Ајакс, позади себе има фантастична сезона.

Под водство на Ерик Тен Хаг, тимот на Ајакс ја освоија титулата за првак на Холандија, Холандскиот Куп, а „секунди“ ги делеа од прагот на финале на Лигата на Шампионите.

Екипа на Ајакс ги побара симпатиите на сите љубители на фудбалот ширум Европа, а голем број на фудбалери од овој тим ова лето ќе направат големи трансфери.

Меѓу оние кои ќе заминат е и чудесниот штопер, Матијас Де Лигт (19), кој исто како и Френки Де Јонг треба да стане член на Барселона.

Раководството на Ајакс работи со полна пареа за да пронајде соодветни замени за овие фантастични млади играчи, а се смета дека за Де Лигт веќе е пронајдена и тоа во Аргентина.

Новиот член на великанот од Амстердам ќе биде 21 годишниот аргентински штопер Лисандро Мартинез, неговиот трансфер е договорен и во наредните денови тој ќе потпише договорот со Ајакс.

Холандскиот тим за неговите услуги ќе издвои седум милиони евра, што секако е многу добра цена за квалитетниот аргентински фудбалер.

Мартинез дебитираше и за репрезентацијата на Аргентина и во наредните години би требало да биде носач на играта на дефанзивниот ред на Гаучосите.