„Газета дело Спорт“: Мауро Икарди донесе конечна одлука за својата иднина


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди му направи големи проблеми на Интер сезонава, а на крајот тие донесоа одлука да го продадат.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Аргентинецот решил да потпише за Јувентус и да ги одбие сите други понуди.

Интер не сакаше да го продаде Икарди на големиот ривал. Меѓутоа, директорот Бепе Марота реши по разговор со претседателот на Јувентус, Андреа Ањели да направи некаков компромис.

Италијанскиот медиум пишува дека во Интер ќе пристигне најверојатно Пауло Дибала, кој речиси сигурно го напушта Јувентус, зашто не е задоволен со минутажата.

Од друга страна, Икарди имал понуди и од ПСЖ и Атлетико Мадрид, но решил дека најдобро за неговата кариера ќе биде преселбата во Јувентус.