Сити, Јунајтед и ПСЖ во борба за играчот на Реал, но мораат да „искешираат“ 120 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кралскиот клуб не успеа да освои ниту еден трофеј, а оваа сезона во Ла Лига завршија на третото место со дури 19 бодови заостанување позади Барселона и 8 позади Атлетико Мадрид.

Многу играчи потфрлија оваа сезона и сега чекаат одлука на управата која ќе отпише неколку играчи за наредната сезона.

Еден од играчите кои чекаат таква одлука е Иско кој имаше сезона за заборав во Реал. Шпанецот во зимскиот преоден рок беше на чекор од напуштање на Мадрид, но тоа не се случи.

Сега заминувањето е уште поизвесно, ако се земе во обзир дека Реал планира да доведе големи засилувања за наредната сезона.

Неколку клубови стрпливо чекаат конечно решение на оваа ситуација и спремни се за го доведат играчот на Реал во своите редови.

Манчестер Јунајтед, Сити и ПСЖ се клубовите кои „опасно“ загризаа за Иско и според некои информации мораат да извдојат и до 120 милиони евра доколку сакаат да го доведат во своите редови.