Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот тренер на Челси, Антонио Конте го победи клубот на суд, поради што ќе мора да му бидат исплатени девет милиони фунти.
Челси минатото лето му даде отказ на Конте, една година пред да му заврши договорот, па Италијанецот со сите сили се обидува да ги добие парите, ко му следуваа со договорот.
Поради тоа што не се договори со сопственикот на „сините“, Роман Абрамовиќ, тој реши да го тужи и доби одлични вести.
Интересно е тоа што Челси досега на поранешните тренери им исплатил вкупно 92,9 милиони фунти за отштета.
Убедливо најмногу добил Жозе Мурињо, при првото раскинување на договорот во 2007 година, поточно 23,1 милион фунти.