До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Целокупното фудбалско семејство Манчестер Јунајтед одигра сезона за заборав, освен жените кои стигнаа до промоција во најсилната женска лига во Англија.
Младинскиот у23 состав на Јунајтед, минатата сезона испадна од Премиер лигата 2, а оваа година не успеа да стигне до висок пласман во втората по ранг лига меѓу младинците.
Токму затоа, цехот на ваквите резултати го плати тренерот Рики Сбрагиа кој заработи отказ и повеќе нема да ги предводи младите фудбалери..
Се верува дека во клубот ќе се врати легендарниот Ворен Џојс кој си замина од редовите на Мелбурн Сити каде беше прв тренер.













