Богат гигант му помага на сиромашниот нисколигаш – му подари конструкција од гол! (ФОТО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Нисколигашките клубови функционираат на ентузијазмот на водечките луѓе, нивната упорност и љубов кон фудбалот.

Меѓутоа, таа љубов чини премногу. Пари за засилувања, плати на фудбалерите, реновирање, реконстуркција… За тоа се потребни многу пари.

Акрингтон Стенли е англиски третолигаш кој почна со реновирање, а бидејќи станува збор за клуб, кој има еден од најниските буџети, секоја помош е добродојдена за нив, па реши да им помогне Манчестер сити.

Шампионот на Англија и еден од најбогатите клубови во светот, Акрингтон им подари конструкција на гол вредна околу 1.000 фунти.

Минатата сезона Акрингтон првпат во историјата играше во Лига 1 и заврши на 14. место, а тоа е одличен резултат за клубот.