Манчестер Јунајтед ќе се ослободи од четворица фудбалери ова лето

Оле Гунар Солскјер значително ќе го промени составот за следната сезона, па на „Олд Трафорд“ се очекуваат многу нови имиња, но и многу заминувања.

Јунајтед веќе остана без Антонио Валенсија и Андер Ерера, а Солскјер планира да се ослободи најмалку од уште четворица фудбалери.

На излезните врати од „Олд Трафорд“ се Ромелу Лукаку, Хуан Мата, Маркос Рохо и Матео Дармиан.