Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер сити има одлична сезона зад себе, па ниту киксот во Лигата на шампиони не може да го оспори фактот дека „граѓаните“ беа владетели на Островот.
На крајот на сезоната ги напушти долгогодишниот капитен Винсент Компани, а очигледно на ист чекор ќе тргне и уште една клупска легенда.
„Сан“ пишува дека Давид Силва сака да ја продолжи кариерата во Катар, кадешто еден клуб му нуди осум милиони евра годишно и соработка на две години.
Шпанецот е еден од милениците на Пеп Гвардиола, па исто така се покажа како лидер на теренот, зашто во клубот е од 2010 година.
Како негова потенцијална замена се споменуваше Набил Фекир, но и Јури Тилеманс, за кој е заинтересиран и Манчестер јунајтед.