Перез зборуваше за Рамос, Роналдо, а го најави и првото засилување!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез откри што се случувало во клубот и потврдии некои информации, а дел од нив се однесуваат и на Серхио Рамос, кој ќе замине од клубот.

Претставниците на Рамос барале од Перез да го пушти бесплатно да замине во Кина и така да заштедат пари за договорот на Рамос во идните две години.

„Одговорив дека тоа не е можно, тие кажаа дека Кинезите тешко даваат многу пари. Меѓутоа, не може да го пуштиме капитенот бесплатно“, објасни Перез.

Што се однесува со Кристијано Роналдо, тие избегнуваат да зборуваат еден за друг.

„Можам да кажам дека тоа е најдобар фудбалер што го имам донесено, тој му даде многу на Реал, иако имаше проблем со данокот“, вели Перез.

Перез доби и прашање за првото засилување, а неговиот одговор ги израдува навивачите.

„Се надевам дека ќе биде Азар, него го следиме долго време, а сега ситуацијата е полесна, зашто има една година од неговиот договор“, вели Перез.

Претседателот на клубот беше запрашан и за иднината на Килијан Мбапе и Нејмар, но не сакаше да одговори.

„Јас со тренерот за нив не сум зборувал, а на крајот Зидан ќе ја донесе одлуката“, кажа претседателот на „кралевите“.