Тага во семејството на Спалети – пораки му испратија Интер и Рома (ФОТО)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Лучано Спалети на крајот на сезонава најверојатно ќе го напушти Интер, иако избори пласман во Лигата на шампиони.

Италијанските медиуми сметаат дека Интер конечната одлука ќе ја соопшти во наредните денови, но речиси сигурно Спалети ќе биде тренер на друг клуб.

Но, тоа падна во втор план, откако утринава доби тажни вести затоа што починал неговиот постар брат Марсело на 66 години.

Семејството на Спалети е во голема така поради изненадната смрт на Марсело, а јавноста не е запознаена со деталите.

Сепак, пораки со сочуство до искусниот тренер испратија италијанските екипи, Интер и Рома.