Лоренте се враќа на Апенините?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанецот Фернандо Љоренте дефинитивно ќе го напушти Тотенхем.

Овој 34 годишен напаѓач во минатата сезона не играше по своите стандарди, а со оглед на тоа дека му истекува договорот, повеќе од јасно е дека нема да дојде до продолжување на соработката.

Медиумите на Островот пишуваат дека шпанскиот фудбалер дефинитивно ги завршил  своите обвски во Лондон и дека од наредната сезона најверојатно повторно ќе настапува во Италија, а како опција во неговата кариера се споменува Милан.

Росонерите се уверени дека искусниот Љоренте има сигурно уште сезона или две од својата кариера, па најверојатно би го довеле на Сан Сиро, меѓутоа во трката за неговиот потпис се Галатасарај, Атлетик Билбао, Наполи и Рома.

На прашањето на овие изјави, Љоренте сеуште се нема огласено, меѓутоа не го крие тоа дека му е тешко што во изминатиов период не беше прв избор на Маурицио Почетино.

„Морате да се прилагодите на тоа. Се наоѓам во голем клуб со многу талентирани играчи и на крајот тренерот е тој кој мора да направи одлука бидејќи само 11 играчи може да настапуваат на почетокот. Не му е лесно и него, а не е лесно ни да го избереш првиот состав покрај толку многу квалитетни играчи“, изјави Љоренте за SkySports.

Тој е член на Тотенхем од преодниот период во 2017 година кога за нешто повеќе од 15 милиони евра пристигна во Тотенхем од Свонси. За време на изминатата сезона, за лондонскиот тим настапуваше на 34 натпревари постигнувајќи осум погодоци и пет асистенции.