Господски гест на Гатузо: Италијанецот ги „подели“ своите пет милиони евра во Милан


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Џенаро Гатузо го напушти Милан, откако клубот заврши на петто место, па така не се пласираа во Лигата на шампиони.

За клубот тоа беше неуспех, па Гатузо реши да замине, но неговиот господски гест ги воодушеви навивачите.

Гатузо доби пет милиони евра, зшто Милан планирал да му даде отказ, но тој сам се повлече од тренерското место за да не мора клубот ништо да му плати.

Тие пари ќе завршат на сметка на неговите помошници и луѓе со кои соработувал во Милан.

Целиот износ им го оставил на нив и така повторно покажа дека станува збор за уникатен карактер.

Поголем дел од тренерите или фудбалерите се збогатуваат во вакви ситуации, но 41-годишниот Гатузо е различен тип.

Италијанецот го предводеше Милан на 83 натпревари, а притоа запиша 40 победи, 23 ремиња и 20 порази во година ипол од својот мандат.