Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лучано Спалети не е повеќе тренер на Интер, откако 60-годишниот стратег доби отказ од „Џузепе Меаца“ и тоа по две поминати сезони на клупата.
Одлуката за отказ на Спалети беше очекувана, иако успеа да се пласира во Лигата на шампиони, но раководството подготвува ремонт на екипата, па поради тоа реши да се раздели со стратегот.
Спалети во Интер го предводеше клубот на вкупно 90 натпревари, а притоа успеа да стигне до 46 победи, 24 нерешени резултати и 20 порази.
Искусниот стратег нема да замине со празни раце, зашто клубот мора да му плати 25 милиони евра отштета, а на негово место во Милано треба да пристигне Антонио Конте, кој долго време се поврзуваше со „нераѕурите“.
FC Internazionale Milano comunica che Luciano Spalletti non ricopre più il ruolo di allenatore della Prima Squadra.
Il Club ringrazia il tecnico per il lavoro svolto e per il percorso compiuto insieme. #FCIM— Inter (@Inter) May 30, 2019