Новак Ѓоковиќ без проблеми стигна до третото коло на Ролан Гарос


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без проблем се пласираше во третото коло на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ денес во второто коло од овој Гранд Слем турнир играше против швајцарскиот тенисер Хенри Лаксонен кој успеа да го совлада без никаков проблем со резултат од 3:0 во сетови.

Првиот тенисер во светот го заврши првиот сет за 24 минути, и му дозволи на противникот да земе само еден гем(6:1). Лаксонен беше нешто подобар во вториот сет но не успеа да дојде до израмнување на 1:1.

Вториот сет му припадна повторно на Ѓоковиќ со 6:4 во гемови по 40 минути игра. Српскиот тенисер продолжи со истото темпо и третиот сет го реши со само половина час игра и со резултат 6:3 по гемови а воедно со тоа го заврши мечот со 3:0 по сетови.

Ѓоковиќ ќе настапува во третото коло на Ролан Гарос и ќе игра против Карусо кој денес триумфираше со резултат од 3:0 над Симон.