„Марка“ откри слики од пробата на Нејмар во Реал Мадрид (ФОТО)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Втората епизода од документарниот филм за кариерата и животот на Нејмар отвори некои прашања за иднината на Бразилецот.

Кога имал само 13 години, Нејмар патувал до Мадрид, кадешто имал проба во Реал. тој бил и дел од плановите на младата екипа за сезоната 2005/06, па така требало да игра со Дани Карвахал и Пабло Сарабија, меѓу другите.

Документарецот откри нови фотографии од Нејмар во Мадрид. Тој бил фотографиран пред и на „Сантијаго Бернабеу“, како и во соблекувалната.

Да потсетиме, Нејмар од Сантош се пресели во Барселона пред неколку години, по што направи трансфер од 222 милиони евра во ПСЖ, но сега често се шпекулира дека Бразилецот ќе се врати во Шпанија, а за нов тим ќе бира токму меѓу Барселона и Реал Мадрид.